Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри во близина на Адијаман.
Засега нема информации за нови жртви, а не се знае ниту дали овој земјотрес предизвикал нови штети.
Минатиот понеделник два разорни земјотреси погодија делови од Турција и Сирија. Бројот на починати надмина 43.000.
Comments are closed for this post.