Koга човек нешто ќе каже може и да се заборави, но кога ќе напише на социјалните мрежи тоа останува забележано. Коментарот можеби и ќе го избрише но постои опцијата „скриншот“ .
Тоа му се случи и на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој пред неколку дена беше претепан па експресно однесен во Софија иако против него се води постапка и тоа кривична.
Но, Христијан иако е сега голем Бугарин, не било отсекогаш така. Во една преписка на Фејсбук тој се кара со соговорниците дека Никола Карев е голем Македонец а не Бугарин.
Пендиков и се колнел дека има само македонски пасош а недај боже бугарски.
„Секој треба да се бори за Македонија затоа што друга татковина немаме“.
Но, по шест години Христијан пее друга песна, очигледно не македонска.
Comments are closed for this post.