Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски, на својот фејсбук профил сподели информација за случка во која возило на брзата помош, кое носело дете со изгореници, удрило во дива свиња на автопат.
Со лесни повреди се здобила медицинската сестра која се грижела за повреденото дете.
По незгодата, со друго возило на итната помош од Скопје, биле пренесени на Ургентниот центар.
По увидот од страна на полициска екипа, оштетеното возило било отстрането со помош на шлеп-служба.
Comments are closed for this post.