За кратко време си заминаа Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали. Двајца фудбалери кои беа легенди на италијанскиот фудбал и Серија А, за краток период починаа од рак.
Иако боледуваа од различни видови на рак, смртта на Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали ја крена Италија на нозе. Се отворија некои теми кои со децении се премолчуваа. За употребата на недозволени супстанци, за тоа како фудбалерите биле принудувани да пијат непроверени апчиња и разни суплементи.
Многу фудбалери по смртта на Михајловиќ и Вијали денеска се прашуваат што морале да преземат, плашејќи се за своето здравје.
– Треба да истражиме какви супстанци земавме тогаш. Треба да знаеме дали земањето разни супстанци од тој период ќе ни наштети со текот на времето. Јас сум исплашен. Секакви работи им се случуваат на многу играчи од тој период. Тогаш имаше допинг контрола, не можевме само ништо да преземеме, но сега ќе требаше да се испита дали супстанците што ги земавме тогаш останаа во нашето тело или излегоа – изјави Дино Баѓо.
Слично размислува и Романецот Флорин Радучоу, кој во Италија играше за Бари, Верона, Милан и Бреша.
– Знам дека земавме розова течност. И разни лекови. Сега сакам да му се јавам на докторот од Бреша да дознаам повеќе што земавме тогаш. Тогаш не знаевме што ни даваат, секогаш велеа дека се витамини и гликоза. Добро се сеќавам дека секогаш ја земавме таа розова течност пред игрите. Пиевме и неколку таблети во Милано. Треба да се запрашаме зошто се случуваат овие прерани смртни случаи – рече Радучоју.
Comments are closed for this post.