Талат Џафери викендов присустуваше на партски настан на ДУИ. Оваа вест би била нормална доколку тој беше обичен член на владејачката партија.Но тој е претседател на Собранието па јавноста беше збунета во чија функција беше беше Џафери во Гостивар?.

На однесувањето на Џафери реагираше и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој смета дека Џафери грубо го крши Уставот бидејќи функцијата претседател на Собранието е неспоива со друга.

 

Дали сме сведоци на ново грубо кршење на Уставот од страна на Талат Џафери?
✅️Според член 67, став 3 од Уставот:
“Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”.
🛑Дали Талат Џафери на Информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар, во средното техничко училиште, присуствуваше како
– член на Централниот одбор на ДУИ или
– како претседател на Собранието?
🛑Талат Џафери мора да даде одговор во кое својство присуствува на партиски настан ДУИ.
Уставот мора да се почитува и спроведува како што треба.
Тој е еднаков за сите граѓани без исклучок.