Долгови за кокаин на „Kавачкиот клан“, заедно со други информации, се наоѓаат во белешките на Вељко Беливук кои биле кај адвокатот Дејан Лазаревиќ, потврди сведокот Срѓан Лалиќ.
Паралелно со судењето на монструозниот клан Вељко Беливук – Марко Миљковиќ, полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата и собираат нови докази за нивните злосторства.
Неодамна откриената тајна тетратка на Вељко Беливук содржи имиња на одредени влијателни луѓе кои биле ставени под надзор, како и нивни контакти.
Таму е регистриран тек на пари, долгови, набавка и начин на транспорт на „стока“, како и други податоци интересни за водење на процесот против оваа организирана група – објаснува извор близок до истрагата.
Comments are closed for this post.