Што и да прават Хрватите, какви и да постигнат успеси, не може да има таква сила и моќ ако не е насочено против Србите, смета проф. д-р Илија Кајтез, српски социолог, филозоф, педагог и пензиониран офицер.
Според него хрватската навивачка Ивана Кнол е производ на хрватските разузнувачки служби.
– Секогаш е во шаховница и неверојатен број следбеници, има многу странци и се тера некојполуполитички проект.Во животот и политиката нема случајности. Некои ќе помислат дека тоа е нејзин личен проект, но подоцна ќе испадне дека тоа е добро испланиран проект, дека зад него стојат сериозни разузнавачки служби, пред се западни разузнавачки служби чиј подизведувач на овие полиња е хрватската разузнавачка служба – смета Кајтез.
Comments are closed for this post.