Пратениците што го поддржуваат „Брегзит“, а се од партијата на британската премиерка Тереза Меј, ја повикаа да го смени курсот за „Брегзит“, но додадваат дека и понатаму ја поддржуваат како лидер.
Прашан директно дали сака Меј да си замине, Јаков Рис Мог, лидер на групата во конзервтивната партија на Меј, кој сака поостар прекин на односите со ЕУ, рече:
“Политиката треба да се промени, но јас ја поддржувам таа личност. Тереза Меј има огромна доблест, таа е фантастично убеден премиер и ја има мојата поддршка – само сакам таа да смени еден дел од политиката”.
Поранешниот министер за Брегзит Дејвид Дејвис, рече:
“Не се согласувам со неа за едно прашање – и тоа е ова прашање – и таа треба да остане на позицијата, бидејќи ни треба стабилност и ни треба пристојна влада”.
Comments are closed for this post.