Швајцарија го победи Камерун со 1:0 на отворањето на петтиот ден од Светското фудбалско првенство во Катар.

Победничкиот гол на средбата одиграна во Ал Вакрах го постигна Брел Емболо во 48.минута по асистенцијата на Џердан Шакири.

Првото коло од Г-групата ќе биде заокружено вечер со натпреварот Србија – Бразил (почеток 20 часот).

Денес на Мундијалот во Катар уште играат:
Уругвај – Јужна Кореја (14 часот)
Португалија – Гана (17 часот).