Зорица Брунцлик има богата кариера со која може да се гордее, а сега откри дека била омилена пејачка на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.
Маршалот ја забележал на еден настап како ја пее„Жолти се набраните јаболка“ и „Од каде си село“ и оттогаш секогаш ја викал да пее пред светските државници.
Зорица открила како изгледало кога хеликоптер дошол да ја земе да му пее на Тито.
–Имав концерт во Пулска арена и во соблекувалната ми рекоа како на војник: „Те молам, дојди со нас“ – се сеќава Зорица и продолжува:
А потоа полетавме за Бриони.Тоа е убава епизода во мојот живот, сите тие приказни ги имам во најдобро сеќавање – изјави Зорица.
Comments are closed for this post.