И покрај поскапувањето на речиси сите сметки кои ги плаќа едно домаќинство во Германија, тамошните компании на секој начин се трудат да им олеснат на граѓаните и во некој случај да не ги оштетат.
Поскапување од речиси 30 проценти има во испораката на гас поради војната во Украина. Но, германските граѓани имаат избор да бираат од кој добавувач да добиваат гас. Тоа го нудат неколку компании, и државни и приватни, и речиси сите се со исти цени.
Кога корисникот ќе се всели во домот доаѓа лице од компанијата, т.н лиферант и според квадратурата на домот проценува колку корисникот треба да плаќа паушал за користењето на гасот. За квадратура од четириесетина квадрати просечно се плаќа 100 евра месечно.
Се запишува и состојбата на броилото кога корисникот почнал да го користи гасот во домот. Во зависност од тоа колку го користи гасот и колку загрева плаќа онолку колку што потрошил.
Доколку сака да му биде топло и гасот е пуштен на најсилно ќе плати плус од оние 1200 евра годишно што ги платил. Но, доколку гасот не се користи во поголем дел од денот или годината, на крајот компанијата ти враќа пари на сметка за разликата од оние 100 евра месечно.
Comments are closed for this post.