Злосторничко здружение во аферата „Броило“ околу Ковачевски влегло во бизниси од 26 милиони евра откако е СДС на власт, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“, заедно со неговиот кум Паунов, 5 месеци откако СДС доаѓа на власт во 2017 година. За само една година тие прават фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. Преку разни државни тендери фирмата на кумот на Ковачевски зема тендери во вредност од 2 милиони евра, а во периодот кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра. Целиот начин на функционирање на соларниот картел е како на злосторничко здружение, велат од партијата.
Од таму додаваат дека фирмата основана од Ковачевски влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, 8 месеци откако Ковачевски станува премиер.
-Инвестицијата во Тетово е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој „Пиксел Груп“ треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра. Во аферата „Броило“, се свртени 26 милиони. ЈО да не чека и да отвори случај. Одговорност мора да има, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.