Движењето БЕСА го повика пратеникот Кастриот Реџепи да и го врати мандатот на партијата, бидејќи како што нагласуват, под предзнак на БЕСА ги доби гласовите на последните парламентарни избори.
Мислам дека не треба многу да се коментира за тој човек кој до крајот на мандатот нема да знае каде ќе има адреса. Што се однесува до неговите движења, тие се политичка перверзност и се лош пример за политичко претставување кај нас. Со гласовите на Движењето Беса го има мандатот на пратеник и многу му должи на Движењето Беса. Беше потпретседател на партијата, кандидат за градоначалник и имаше многу привилегии во политичкиот субјект. Ако имал малку политичка култура, дефинитивно треба да го врати мандатот на Движењето Беса и да им се извини на гласачите на Движењето Беса, бидејќи сигурно гласачите не гласале за него да направи ваков хаотичен потег, изјави Фарук Авдиу, портпарол на Движењето БЕСА за весник „Лajm“.
Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи во своето последно телевизиско гостување изјави дека бил избркан од партијата БЕСА, па затоа и се приклучил на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Мојата партија ме избркaа, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи, рече Кастриот Реџепи.
Тој нагласи дека претседателот на неговата партија го избркаa од партијата преку социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.