Европа мора на неотповиклив начин да го дефинира односот што ќе го има кон процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, затоа што во спротивно други сили ќе ја заменат улогата на Европа и ќе го зголемат своето влијание во тој регион, истакна претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент.
Јункер истакна дека досегашните процес на проширување на ЕУ е успешен, но дека сѐ уште треба да се прават напори, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји, како Унгарија, Полска и Романија.
Минатата година првиот човек на ЕК побара да му се пружи „кредибилна перспектива“ на регионот на Западен Балкан, но посочи дека е „јасно оти нема да има нови проширувања за време на мандатот на оваа комисија и парламент“, затоа што “ниту еден кандидат не подготвен“.
Ако сакаме поголема стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањата кон Западниот Балкан – изјави Јункер.
Овогодинешниот говор на Јункер беше фокусиран на предизвиците со кои се соочува Европската Унија, но не ги формулираше сите предлози што беа очекувани, како на пример федерализација на пограничната полиција со цел справување со миграциските текови. Јункер, сепак, најави дека ЕК ќе предложи зголемување на оваа служба на 10 илјади полицајци до 2020 година.
Comments are closed for this post.