Академик Катица Ќулавкова побара повик за „дипломатски и државнички гест“ како знак на благодарност на Македонија кон Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Со децении чекавме признавање на МПЦ – ОА според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега добивме не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, а се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на СПЦ.

 

Редно е да има институционална благодарност. Дипломатски и државнички гест. Како суштински, а не ефемерен, знак дека на оваа држава ѝ значи македонската христијанска, културна и национална кауза – смета Ќулавкова.