Федералната служба за безбедност на Русија објави видео со осомничената за убиството на Дарија Дугина. На видеото кое го објавија руските медиуми се гледа како таа влегува во Русија, се вселува во истата куќа со жртвата и по убистото заминува за Естонија.

 

Според истиот извор се работи за Наталија Вовк, со моминско презиме Шабан, 43-годишна Украинка која претходно служела во Националниот баталјон Азов.

На видеото, најпрво се гледа како Вовк ја отвора хаубата на автомобилот, а косата и е светла. Потоа, на следната снимка се гледа како таа влегува во зградата на Дугина, но како бринета, исто како што изгледа и кога ја напушта Русија по убиството.

 

 

Вовк изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина за да собере информации за нејзиниот начин на живот. Наводно користела мини-купер со кој влегла во Русија со регистарски таблички на НР Доњецк, додека во Русија при враќањето во Украина користела казахстански и украински таблички.

Новинарката и политиколог Дарија Дугина беше убиена вечерта на 20 август, кога бомба закаќена на нејзиниот автомобил експлодира додека се возела на автопатот Можајскоје во областа Одинцово во Московската област.