Пензионираниот полковник Миле Новаковиќ долго време се борел со Земунскиот клан, а сега откри каков живот воделе. Според неговите зборови, кланот користел големи суми на пари за куќи во кои ќе живеат семејствата. Како што рече, секој член на „земунскиот клан“ имал по две сопруги и две семејства со деца, а таквиот живот бил многу скап, пренесува Мондо.
„Сите во Земунскиот клан работеа за плата. Шефовите на регионот имаа плата од 1.000 до 3.000 марки месечно, во зависност од тоа како им се одвиваше работата. А дилерите и тепачите добиваа по 500 марки. Најдобрите од нив беа наградени од Душан Спасојевиќ со право да добијат стан, да купат или да градат куќа.Земунскиот клан инвестираше во својот „кадар“, се грижеше за нив. тврди Миле Новаковиќ.
Comments are closed for this post.