По елиминацијата во Лигата на шампиони, фудбалерите на Шкупи во Даблин му гостуваат на ирскиот првак Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лига Европа.
Ден пред натпреварот на стадионот „Тала“ во јужен Даблин домаќините најавија дека капацитетот ќе биде максимално исполнет, а тренерот на Шамрок, Стивен Бредли, рече дека поддршката од навивачите ќе биде многу важна за успешен резултат против незгоден противник.
– Тие (Шкупи) можат да бидат многу опасен тим. Во нападот имаат четворица навистина опасни фудбалери, и во тоа ќе можеме да се увериме . Така што, ние мораме да бидеме на највисоко ниво за да победиме, изјави Бредли.
– Навистина се силни во напаѓачкиот дел на теренот и мораме да бидеме фокусирани и максимално концентрирани од почеток до крај на натпреварот, додаде стратегот на Шамрок.
Реваншот ќе се игра на 9 август во Скопје, а победникот ќе обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига и плејоф пресметка со победникот од дуелот меѓу Карабах и Ференцварош за пласман во плејофот во Лига Европа
Comments are closed for this post.