Анастасија Ражнатовиќ викендов настапи во Струмица. За нејзиниот настап се бараше билет повеќе па оние кои не обезбедија залудно чекаа пред клубот да влезат.
Младата звезда на сцената се појави во придружба на четворица атрактивни мажи, а публиката ги поздрави со громогласен аплауз. Следеа хитовите „Ране“, „Извини“, „Промашено“, „Готово“, а гостите на клубот пееја во еден глас со Анастасија. Младата музичка ѕвезда во еден момент ги отпеа хитовите на Цеце Ражнатовиќ и со тоа ја доведе атмосферата до трескавично ниво.
– Благодарам Струмица, одлично си поминавме и со нетрпение очекувам повторно да дојдам. Ова беше незаборавна вечер за мене, верувам и за вас – изјави Ражнатовиќ.
Comments are closed for this post.