Фаворитот Динамо Загреб сепак не дозволи прерано да биде елиминиран од квалификациите од Лигата на шампионите. Вечерва го совладаа Шкупи 0-1 и продолжуваат во третото коло каде противник ќе им биде бугарски Лудогорец. Првото полувреме беше изадначено, на моменти Шкупи беше и подобар.
Но, во вториот дел сосема различна ситуација. Динамо нагази што резултираше со брз гол на нашиот репрезентативец Адеми. Скопскиот тим како да загуби сила а гостите ја имаа целосната доминација што рутински ја задржаа до крајот.
Сепак, ова не е крај за евро настапите на Шкупи. Тие продолжуваат во третото квалификациско коло од Лигата на Европа и ќе се борат за пласман во групната фаза.
Comments are closed for this post.