Оваа генерација водство во ДУИ прави трајна штета во односите помеѓу Албанците и Македонците во Македонија, затоа што ова ќе има голема мемморија. Тие ги предадоа интересите на Македонците, нивните соседи и направија пакт со Бугарите за асимилација на Македонците. Раководството на ДУИ прави трајна штета. Не е свесен Бујар Османи сега, но животот е осцилација и не с езнае која генерација на Албанци во Македонија ќе имаат поддршка од страна на нивните соседи Македонци, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека трајната штета на ДУИ ќе остане во колективната меморија на македонскиот народ. Околу 75% Македонци се против францускиот предлог.

Целта Бујар Османи си ја постигна, а тоа е една, ние нема да почнеме преговори, Албанија ќе почне преговори. Прво беше целта да имаме обединување на Македонија и Албанија, се сеќавате уште во 2000-та година кога го потпишувавме договорот за стабилизација и асоцијација ни Хрватска не го беше потпишала, па заедно станавме со Хрватска како да кажам кандидати. Па испаднавме од таа група и влеговме во групата со Црна Гора и Србија. Па испаднавме од таа група и влеговме со Албанија и сега конечно испаѓаме и со Албанија. Албанија ќе си продолжи, а ние најверојатно ќе чекаме некои подобри времиња, можеби Косово, Босна и Херцеговина или пак некоја друга држава која што се уште ги нема заокружено своите независности односно државности, појасни Мицкоски.

Тој посочи дека раководството на ДУИ зари нож во грб на Македонците, и тоа го прават за тендери и лични интереси, единствена што ќе продолжат преговори е Албанија, а за жал државава ќе оди на магарешка клупа уценети со асимилација.