Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, откако Собранието се изјасни за францускиот предлог, упати порака до некогашните сопартијци од СДСМ во Собранието и во Владата.
-Како ќе ги погледнете своите во очи, срам да ви е – им порачува Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник ја почнува пораката со мисла на Крсте Петков Мисирков.
-Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов – пишува Димитриевски.
Тој испраќа и порака до граѓаните.
-Не очајувај македонски народе, борбата продолжува до конечна победа, тоа што е наше не го даваме на никој – пишува Димитриевски.
Тој директно се обраќа и до сите што го поддржаа „францускиот предлог“ (Влада и пратеници).
-Како ќе ги погледнете своите во очи, срам да ви е, народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род – порачува Димитриевски.
Comments are closed for this post.