Време е да го разбудиме партизанското во нас, порача градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најавувајќи дека денеска и Куманово ќе маршира.
Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава а овие денеска ја продаваат на кило…
Ве повикувам сите драги мои КУМАНОВЦИ без разлика на нација, вера и определба да излеземе сите во 19.30ч во четврток во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени, порача Димитриевски.
Comments are closed for this post.