Францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница, но сѐ уште не знае кога точно ќе најде пред пратениците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери одржа координација со координаторите на пратеничките групи во Законодавниот дом.
По координацијата, Кабинетот на Џафери соопшти дека не постои деловничка одбредба која му овозможува на претседателот да го врати францускиот предлог до Владата.
По однос на точката Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, претседателот нагласи дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време, нема деловничка одредба која што му овозможува на претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница, се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата, велат од Кабинетот на Џафери.
Comments are closed for this post.