Претседателот Пендаровски во интервјуто за „Етнос“ епосветено на Договорот од Преспа, истакнува дека најголемото достигнување е членството во НАТО како директен ефект од решението меѓу двете земји, вели дека во нашата земја „многу луѓе сфатија дека промената на името не го поткопа нашиот национален идентитет, што беше наша најголема грижа во текот на повеќегодишните преговори“.
Вели дека очекува како што одминува времето, многу повеќе луѓе да сфатат дека договорот во суштина означи стратешко отворање за двете земји.
Додава дека се отворија и нови можности за економска и трговска размена и странски директни инвестиции, а го споменува терминалот за гас во Александруполи, како пример на „заедничко вложување што се очекува да донесе взаемна корист за двете земји“.
За спроведувањето на Договорот и евентуалните доцнења на комисиите, објаснува дека клучниот дел е веќе имплементиран, а во име на Македонија вели дека „членовите на двете комисии формирани од Преспа се подготвени да учествуваат и тие веќе учествуваа на сите состаноци договорени меѓу двете страни“.
-Се согласувам дека треба да се интензивира темпото на дејствување на комисиите, но, говорејќи за мотивите на другата страна, претпоставувам дека тие се поврзани со внатрешно-политичката динамика во Грција, коментира претседателот.
Изразува надеж дека набргу трите меморандуми за соработка со Македонија ќе бидат ратификувани во грчкиот Парламент, „што ќе го отвори патот за стапување во сила на уште многу билатерални договори“.
Comments are closed for this post.