Елена Рибакина и Онс Жабер го играа првото гренслем финале на Вимблдон денеска, а мечот што се памети во кариерата го одиграа без родителите на трибините.
Барањата за виза им било одбиено од британските власти и на Русинката која игра за Казахстан и на Тунижанката.
Рибакина победи со 2:1 и очигледно проблем за нејзините родители е што се Руси, родени во Москва, исто како и новата шампионка, па и покрај уредно поднесените документи им биле одбиени барањата за виза.
Тие сега живеат во Казахстан, што сепак не беше доволно да добијат зелено светло и да го гледаат од трибините од ВИП ложата првото финале на нивната ќерка.
Организаторите на Вимблдон и британските власти се критикувани за ваквата одлука, а на социјалните мрежи се коментира дека ваквиот потег е своевидна освета за Русија, чии тенисери и тенисерки не играат на турнирот поради одлуката да бидат санкционирани за војната во Украина.
Comments are closed for this post.