Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградите на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште четири лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, како што информираат од МВР, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.
Пријавените лица синоќа се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор, посочуваат од МВР.
Comments are closed for this post.