Денешната посета на првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел кој доаѓа да даде поддршка за францускиот предлог потсети на случувањата пред референдумот за промена на името во 2018 година. И тогаш и сега европски емисари доаѓаа во земјава да дадат поддршка на власта.
Откако вчера предлогот на Макрон беше поздравен од Европската комисија, денеска ова ќе биде подржано и од највиското тело на ЕУ кое ја носи одлуката за почеток на преговори.
Ова е добро познат метод на Западот. Ни дојде германскиот канцелар Олаф Шолц, а јавноста се сеќава и на доаѓањето на холандскиот премиер Марк Руте во пресрет на гласањето во Собранието за доверба на владата и „исчезнувањето“ на пратеникот Кастриот Реџепи.
Како сега што Ковачевски сега е политичарот на кој сите сакаат да му дадат поддшка така во 2018 Заев беше европски миленик. Во Скопје се изредија Ангела Меркел, Себастијан Курц, Тереза Меј а Макрон ни испрати видео поздрав.
Сите европски лидери го убедуваа народот колку е добро да го промениме името и дека веднаш потоа без одложување ќе ги почнеме преговорите за членство.Четири години подоцна Македонија намето преговори доби уште една „Грција“ во ликот и делото на Бугарија.
Comments are closed for this post.