Граѓаните на Македонија масовно излегоа на протестот пред Владата и порачаа „не“ за бугаризацијата. Во тек е сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ пред зградата на Владата.
Скопје исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеваат во главниот град, се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Македонскиот народ масовно е излезен и со македонски знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог и јасно порача: „НЕ за бугаризација“.
Comments are closed for this post.