Фудбалскиот хулиганизам доби значително внимание од социолозите и антрополозите, кои ги анализираат неговите културни аспекти, и полицијата, која гледа како да го спречи и контролира. Сепак, неколку студии ја разгледаа врската помеѓу фудбалскиот хулиганизам и организираниот криминал.
За разлика од студиите кои се фокусираат на фудбалскиот хулиганизам во одредени земји како Хрватска или Србија, каде што има опширно истражување за врските помеѓу фудбалот и насилството, овој извештај ја пополнува празнината со анализирање на проблемот од поширока, регионална перспектива, се наведува воИзвештајот на „Глобалната иницијатива против организран кримиал“ ги мапира главните клубови на фудбалски навивачи во секоја од земјите од Западен Балкан. Анализата издвојува која од овие ултра групи демонстрираат атрибути на фудбалски хулиганизам и како овој хулиганизам е поврзан со организираниот криминал и политиката.
„78 од 122 навивачки групи во Западен Балкан се „ултрас“, страсни и добро организирани здруженија на фудбалски навивачи. Сепак, 21 од овие 78 групи може да се сметаат за хулигани, што претставува безбедносен ризик. Хулиганите во Западен Балкан се познати по употребата на насилство, особено на дерби и против полицијата. Она што е помалку познато е дека локалните политичари понекогаш користат хулигани за да ги унапредат своите интереси, а во некои случаи има врски меѓу хулиганите и криминалните групи-се наведува во анализата на авторите Саша Ѓорѓевиќ и Руџерио Скатуро.
Comments are closed for this post.