Северномакедонци станавме и за источниот сосед Бугарија, поточно за нивниот премиер во заминување Кирил Петков. Објаснувајќи дека одредени партии во Македонија се бунеле против францускиот предлог, кажа дека тие партии биле северномакедонски, наместо македонски.
Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Cеверна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Cеверна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и за дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Cеверна Македонија, изјави тој.
Петков потврди дека тој повторно ќе биде кандидат за премиер на Бугарија, откако претходно најави дека ќе се обиде да формира ново владино мнозинство со независни пратеници.Ова го соопшти и еден од неговите најблиски соработници, Мирослав Иванов.
-Господинот Петков беше исклучително активен премиер, кој што кажа дека нема да прави компромиси со своите принципи, со просечноста, со тоа да има нула толерантност кон корупцијата. Тој ги исполни тие негови цели, изјави Иванов.
Се поставува прашањето што ова може да значи за Македонија, ако се знае дека Петков во интервјуто за БНР, го повтори она што го кажа во Брисел. Ги соопшти бугарските позиции, кои остануваат исти, а тие се внесени во францускиот предлог, кој беше изгласан од бугарскиот Парламент, но одбиен од македонската Влада, барем според Ковачевски. Бугарскиот премиер изрази големо задоволство што бугарските услови, сега станале услови и на Европската унија.
–Тие ги разбраа условите кои што се важни за Бугарија и тие услови всушност се европски. Многу е важно правата на Бугарите да се заштитени во Македонија. Тоа е европско видување и европска обврска, тоа да се случува не само за нив, туку за сите луѓе кои сакаат да членуваат во оваа унија. Така што бугарските барања всушност тие се реално европски, изјави Петков.
Иако, првичните најави од партијата на Петков беа одење на избори во септември, сепак ова сценарио станува се помалку веројатно. Претседателката на партијата БСП, Корнелија Нинова, потенцираше дека избори и евентуална техничка Влада се најлошата можна опција за Бугарија во овој момент.
Comments are closed for this post.