Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ каде што Груевски беше осуден на две годишна казна затвор.

Претставката до Комисијата ја поднеле самиот Груевски и се пожалил за дикриминаторски однос од судот и од судијката Кацарска. Според мислењето на Комисијата, судот во „контроверзна и незаконски експресно водена постапка“ го осудил Груевски. При тоа се вели дека за да се донесе таквата пресуда немало валидни докази.

Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во мислењето на Комисијата, објавено кај некои интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Со реакција веднаш се јавија од владејачката партија.

Партизираната Комисија под контрола на антизападното ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби позицијата и се стави во одбрана на криминалот на Груевски, велат од СДСМ.

Од СДСМ во реакцијата додаваат:

Лица блиски до антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот ментор, Никола Груевски, меѓу кои и поранешниот пратеник од оваа партија, Александар Спасеновски, но и Александар Даштевски и Тони Науноски се посветија во одбрана на осудениот Никола Груевски. Јавноста знае дека сите членови на оваа Комисија беа избрани во јануари 2016 година, без присуство на тогашната опозиција.

Според СДСМ потребна е неопходна итна реформа на Комисијата за заштита од дискриминација, која како што стои во реакцијата треба да прерасне во независно, стручно тело, со зголемени надлежности, составено исклучиво од лица кои се посветени на заштитата на човековите права.