Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беа гости на фестивалот „Запознај ја Преспа“ во село Брајчино, на кој учествуваа граѓани од Македонија, Грција и Албанија.
За првпат уметниците и граѓаните од трите земји се дружат на едно место, во Преспа. Ваквите проекти, кои произлегуваат од Преспанскиот договор се потврда за неговата важност и поттик на зближување, соработка, вмрежување на граѓаните од трите држави, но и поврзување на регионот на оваа тромеѓа, истакна Маричиќ.
Порача дека Преспа веќе нема граници за Македонците, Грците и Албанците и дека нема разлики и бариери.
Денес Преспа обединува и е симбол за пријателство, дијалог, разбирање и градење добрососедски односи. Наместо за блокади и политика, во Преспа се зборува за заеднички настани, соработка, проекти, рече Маричиќ.
На фестивалот „Запознај ја Преспа“ беа присутни и евроамбасадорот Дејвид Гир, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и унгарскиот амбасадор Ласло Дукс.
Фестивалот го организираа невладината организација „Преспа ГРАД“ и Општина Ресен со финансиска поддршка од два милиони денари од Министерството за култура.
Comments are closed for this post.