Протестот во сабота треба да биде општ сенароден собир против владата на СДСМ и ДУИ. Власта вели дека со протестот и изборите ќе се запрат реформите но никој не може да набори една реформа во здравството, економијата, образованието, набројува пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов.
Граѓаните доаѓаат по своето, нема веќе простор. Не постои реформа која би запрела со изборите. Единствено што ќе запре е политичката кариера на СДСМ и ДУИ и тоа е здраво за државата,порачува Пренџов.
Тој е дециден дека во државата има криза во сите сектори и пет кризни состојби паралелно, мигрантска, здравствена, економска, енергетска..
Кај да отворите има криза а реформи има нула. Имаме демагогија немојте избори ќе ги запрете реформите.Предремени избори и се потребни на Македонија.На граѓаните им е потребна нова надеж и влада која што тоа што го зборува додека е во опозиција ќе го реализира и на власт. Нас ни треба влада која ќе има чесен однос кон граѓаните, влада која нема да биде позната по криминал и корупција туку по работливост и проекти.Да не зборуваме за тоа кој судија што пресудил туку која странска инвестиција дошла и отворила нови работни места и како да ги дигнеме БДП во државата. СДСМ и ДУИ треба да сфатат дека избори се победуваат и се губат-вели Пренџов во интервју за „Република“ и „Пресинг ТВ“.
Каква е состојбата во државата според Пренџов доволно е да се видат цените на основните производи и како владата се бори против тоа.
Tие велат дека целата инфлација е увезена надвор од еврозоната.Вистината е дека во месец август 40 дена пред да започне инфлацијата од еврозоната, Македонија е под инфлација.40 проценти од вкупната инфлација е домашна а 60 процентив е увезена. За нецели две години цената на горивата е качена повеќе од два пати и прашањето е како Владата се справува.Ако велите дека кризата е поради војната во Украина и ако на претходниот буџет сте планирале колку ќе биде цената на дериватите и од таа цена добивате 18 посто ДДВ и 20 денари акциза. Ние предлагаме од тие 50 проценти што е покачена цената да се намали ДДВ-то и акцизата.Со тоа планиранит пари во буџет ќе се добијат а за 15 до 20 денари ќе се намали цената на бензините.Тие пак ќе бидат високи но нема да биде исто. Ова е казино влада со казино логика. Казиното вели прво јас да го соберам она што сум го зацртал од играчите вечерва и кога ќе го соберам тој мој арач тоа што ќе остане може да го вратам назад-објаснува Пренџов .
Во однос на расправата за ребалансот за буџетот која е во тек Пренџов потсетува дека токму сегашниот премиер Ковачевски како заменик министер за финансии го бранеше сегашниот буџет.
Тогаш Ковачевски велеше дека во тогашните четири кризни состоби оваа влада е многу одговорна и во тој буџет владата гарантира дека нема непродуктивни трошоци. После три месеци тој изјави дека со ребалансот владата ќе се откаже од 200 милиони евра непродуктивни трошоци. Кога лажеше, тогаш или сега?-прашува Пренџов.
Пренџов нагласува дека сите досегашни влади направиле 4,7 милијари евра долг , додека со доаѓањето на оваа власт долгот ќе достигне повеќе од 8 милијарди евра.
А притоа имаат напрвено нула автопати, болници.За што се потрошени парите-пoтсетува пратеникот?
Пренџов вели дека е жалосно што оваа влада помалку се грижат за граѓаните од економијата и граѓаните од Владата на Косово.
Кризите постоеја и тука и во Косово и секаде.Од 2017 година вкупниот раст на македонската економија е 5,56 проценти. Вкупниот раст на Србија е 18,4, на Албанија 15, 5, на Косово 18,8, Црна Гора 9, Босна и Херцеговина 14 проценти. Ние сме три пати послаби од Босна и Косово, за Србија и да не правиме муабет-набројува Пренџов.
Објанувајќи ја активната блокада во Собранието, која власта сака да претстави како активен бојкот, Пренџов вели дека секогаш ќе ги гласаат законите кои се за доброто на граѓаните.
Но, не и тоа ДУИ да заработува по 20 милиони евра со паралелна лотарија или пак 40 фабрики за марихуана е тоа не може да помине се додека не ги принудиме на предвремени избори бидејќи тоа е и во нивен интерес бидејќи рејтингот постојано им паѓа-повторува Пренџов.
Пратеникот проговори и за односите меѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се актуелни деновиве.
Во поглед на ГРОМ, императив ми е зборот даден кон граѓаните.Јас бев на листа заедно со колегите од Коалицијата „Обнова за Македонија“, сме имале програма и визија на таа листа и сме кажале дека наша цел е час поскоро рушење на владата на СДСМ и ДУИ. Јас тоа планирам да го испочитувам до крај затоа што како нова генерација на политичари значи дека треба да бидете доследни кон граѓаните на зборот даден во 2020 година кога биле изборите.Доколку во меѓувреме нешто се променило тогаш е чесно да си дадете оставка него да делувате спротивно од тоа што сте во ветувале на граѓаните на изборите.
Тој потврдува дека останува во опозицискиот блок како пратеник на ГРОМ.
И согласно Уставот пратеникот гласа согласно интересите на граѓаните и гласа по сопствено убедување. Јас и досега сум гласал согласно интересите на граѓаните по сопствено убедување во пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во моето политичко делување не се менува ништо.Главен фокус ми е како оваа влада да падне.
Comments are closed for this post.