Санкциите речиси и да немаат никакво влијание врз руската економија.Напротив , за 100 дена војна Русија од продажба на нафта и гас.

Според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милијарди евра.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра)

Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива се поврзани со сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку гасоводи, нафтени деривати, природен гас (ЛНГ) и јаглен.

Со тоа Франција стана најголем купувач на гас во светот“

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, се вели во извештајот. Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.