Комисијата за избори и именувања денеска во 11 часот треба да ја продолжи 13-та седница на која треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Продолжението на седницата, беше најавено вчера од претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска.
Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии.
Освен предлогот Фатмир Скендер, пратениците треба да ги разгледаат и предлозите за уставни судии на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМН
Comments are closed for this post.