Еден од најдобрите фудбалери на светот, Килијан Мбапе објасни зошто го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен. Напаѓачот неодамна можеше да замине во Реал Мадрид како слободен играч, но потпиша нов договор со францускиот клуб до 2025 година.
– Клубот планира да започне нова ера и мојата приказна не е завршена ниту тука. Имам уште нешто да направам: можам да земам трофеи, да победувам, да поставувам историски рекорди. Не е нешто безначајно. Неколку фактори влијаеле на одлуката. Секогаш велев дека сакам да бидам најдобар и сега не требаше да заминам. Веќе ја напишав мојата приказна во ПСЖ, но мислам дека може да биде уште поубава, изјави Мбапе.
Во Реал Мадрид по вчерашната победа во Лигата на шампионите, јавно порачаа дека Мбапе за нив е завршена приказна и дека веќе немаат никаков интерес за фудбалерот кој ги изневери нивните очекувања
Comments are closed for this post.