Украина се надева дека Македонија ќе ги признае руските злосторства како геноцид врз украинскиот народ. Македонците, како никој друг во Европа, веројатно разбираат што значи да се биде понижен за нивниот идентитет најави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на заедничката прес конференција со Бујар Османи.
„Би сакал да изразам надеж дека Парламентот на Македонија ќе донесе одлука за признавање на руските злосторства во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Османи го посети градот Ирпин и виде што се случувало. Македонците, веројатно како никој во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, за својот јазик, за својата култура. Токму тоа го доживуваме сега. Русија не ја мрази само соседната држава Украина, Русија го уништува украинскиот идентитет, го мрази и сака да го уништи украинскиот јазик, таа сака да ја уништи Украина“, рече Кулеба.
Comments are closed for this post.