Водачите на Земунскиот клан Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ се криеја по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ до 27 март 2003 година кога полицијата ги пронајде и ги уби.Ваква беше досега официјалната верзија.Но црногорските медиуми имаат нови сознанија и тврдат дека Спасојевиќ и Луковиќ прво биле брутално претепани, а потоа застрелани, пренесува Мондо.
Она што предизвика сомнеж во официјалната верзија, односно дека биле застрелани затоа што први се фатиле за оружје против полициските сили, се фотографиите од нивните тела на кои многумина забележале модринки на лицето.
Така се разви теоријата дека Спасојевиќ и Луковиќ прво биле „мачени и тепани“ од специјалците, па дури потоа биле убиени. Дури се проширија сомнежите дека биле убиени во дворот на викендица во населбата Мељак каде што се сокриле со Дејан Миленковиќ Багзи кој подоцна беше пронајден во Грција и стана соработник сведок.
Но многумина веруваат дека биле убиени на друго место,можеби и во озогласената Шилерова улица а нивните тела подоцна биле префрлени во Мељак.
Comments are closed for this post.