Честитка од претседателот Пендаровски за Националниот ден на Власите

23.05.2022 / 10:39


Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република С. Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите, и најискрено да ви посакам празникот да го минете во добро здравје и во пријатно расположение, споделувајќи радост и добра мисла со вашите најблиски.

Пред 117 години на 23 мај, со декретот на султанот Абдул Хамид, во рамките на Отоманската Империја, беа признаени националните права на Власите. Со тоа се отвори можност за образование на мајчин јазик, што е еден од столбовите на националниот и на културниот идентитет на секој народ. Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет. Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Почитувани,

Здравствените, економските, социјалните и безбедносните предизвици и проблеми со коишто се соочува целиот свет можеме да ги надминеме само со заедништво, сплотеност и со солидарност. Да си подадеме рака и да си бидеме постојана поддршка едни на други и одговорно и посветено да придонесуваме за развојот и за напредокот на Република Северна Македонија, како и за благосостојбата на секој наш сограѓанин.

Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите, стои во неговата честитка.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Нова линија: Заев и Филпче ќе можат да одат за Дубаи директно од Скопје

пред 7 часа
Македонија

 Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ

пред 9 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Дубаи е Горњи Милановац за сиромашни- прашајте ги Донка и Заев

пред 1 ден
Македонија

Запален службениот автомобил на заменик-директор на „Државна лотарија“

пред 2 дена
Македонија

Што ќе му е на Груби пасош, не му требаше ни кога бегаше првиот пат

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

пред 3 дена
Македонија

Николоски: 11 Октомври е денот кога се потсетуваме на идеите и храброста на сите кои се жртвуваа за слободна и суверена Македонија

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Tатковината се брани со принципи, вера и резултати, не со навреди, договори под маса и тендери

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

пред 4 дена
pusulabetelektronik sigarajojobet telegramjojobet telegramjojobet güncel girişjojobet güncel girişjojobet günceljojobet günceljojobet girişjojobet girişMarsbahismeritkingholiganbetbetkomBetwoongamdom girişgamdomjojobetmatbet girişdeneme bonusu veren sitelerRadissonbetbycasinotambet girişbetkomcasibomHoliganbetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobet girişjojobetjojobetbetasusjojobet girişjojobet girişbullbahisjojobetholiganbetholiganbetjojobetjojobetEkrem Abibetkomcasibombetkomjojobet giriş