Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветaр. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб северозападен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне 31 степен.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.
Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.
Comments are closed for this post.