Вработените во градинките ќе добијат цели плати и за април кога се одржуваше штрајкот.
Ова на заедничка прес-конференција го објавија претседателот на СОНК, Јаким Неделков, и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Обај цата информираа дека е постигнат договор за зголемување на платите на вработените во детските градинки за 15 отсто. До крајот на мај ќе се донесе и нов колективен договор за работниците во секторот детска заштита.
Тренчевска дополни и дека ќе се направи итна корекција на актуелниот колективен договор со цел на вработените да им се исплати целосната априлска плата и покрај тоа што во овој период во оваа дејност се штрајкуваше.
– Измените и дополнувањето на колективниот договор во кој се регулираат приходите и придонесите за време на штрајк се испратени во Служебн весник. Деновиве ќе се објават и ќе се пристапи кон исплата на платите, рече министерката.
Неделков со постигнувањето на овој договор го прогласи циклусот на штрајкување во образованието и детската заштита за затворен.
– Она што беше спорно за исплата на дневници, денеска со измена на колективниот договор го регулиравме и ова право што сметавме дека од разни причини се дескриминирани вработените. МТСТП имаше разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел. Сметаме дека овој процес на штрајк и преговори конечно е затворен, изјави синдикалниот лидер.
По празникот Св.Кирил и Методиј започнуваат средбите на работните групи кои се формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе биде донесен колективниот договор за правата на вработените во градинките.
Comments are closed for this post.