Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп. Мицкоски прифаќа лидерска средба, но ако се зборува за она што им е потребно на граѓаните, а тоа се предвремени парламентарни избори за да се излезе од кризната состојба.
Подготвен сум да зборуваме за сѐ што е актуелно и им е потребно на граѓаните, а предвремени парламентарни избори се неопходни час поскоро да се случат за да може Македонија да излезе од оваа кризна ситуација во која се наоѓа. Подготвен сум за четири дена од денеска да зборуваме за сите отворени прашања како и за определување датум за одржување предвремени парламентарни избори. А без ова прашање не може да се разговара. Тие се проблемот, а решението е предвремени парламентарни избори. Нудиме четири тима за да седнеме да разговараме и да помогнат од денот кога ќе седнеме да разговараме до денот кога ќе договориме избори за Македонија да излезе што помалку оштетена од сите овие кризи кои оваа влада која е неспособна не може да ги реши, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.