Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје ,во земјава има 672 активни случаи на Ковид-19, при што во осум градови нема ниту еден инфициран со корона вирусот. Во останатите градови, со исклучок на Скопје и Битола, каде има 317, односно 146 активни случаи, во осум града бројот на инфицирани со Ковид-19 се движи меѓу 11 и 26, а во дури 17 градови има едноцифрен број на заболени.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 139 нови случаи на Ковид-19 од извршени 1.424 тестови, што претставува стапка од 9,76 отсто од вкупниот број тестирани. Од 139-те нови случаи, 25 се реинфекции.
Вчера не беа регистрирани починати лица, но во Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително беше впишано 73-годишно лице од Скопје, кое починало на 1 мај. Со ова, вкупниот број на почината лица од почетокот на епидемијата во земјава пред повеќе од две години достигна 9.284 лица
Comments are closed for this post.