Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари по повод трагичниот настан во кој една средношколка го загуби животот при давање во Вардар, се огласи на неговиот Фејсбук профил.
Тој напаша дека со длабока тага ја примил веста за Џејха Меџити од гостиварско Здуње починала вчера давејќи се во водите на Вардар.
Кон сочувството тој напоменува дека во исти околности изгубил член од потесно семејството.
Кога ја примив веста за давењето на Џехја, многу ме натажи случајот, но и ме врати во траумите на моето семејство. Девојчето, велат дека се удавило обидувајќи се да се спаси од куче скитник. Иако случајот сé уште нема службена верзија, наклонет сум да му верувам. Гостиварци не измислуваат политички напади до овој степен, се наведува во постот на Таравари.
Како градоначалник тој чувствува целосна одговорност да објасни дека проблемото со бездомните кучиња е наследен и кон него имало сериозен пристап.
Сме собирале колку што сме можеле, надминувајќи ги и можностите за згрижување, сме оперирале 50 од нив и сме вакцинирале 100. Јас и се придружив на ветеринарната екипа за да им помогнам во нивната огромна работа што ја имаме пред нас. Изразувајќи им најискрени сочувства на семејството на девојчето, како брат кој по вторпат ја изгуби својата сестра, би замолил да не влегуваат во политички драми оние кои воопшто не ги засега болката на семејството или на оние кои биле погодени со вакви несреќи, нагласува Тарвари.
Тој упатува и апел да ја остават екипата за згрижување на кучињата да работи без притисоци и да не измислуваат драматично-политички приказни.
Не сум навикнал да не сносам одговорност, но математички нашата екипа го правеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме едно куче на метар квадратен. Ако се откажеме, покажуваме „нула“ одговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет. Битката ни зеде еден ангел, но го разбуди 1000 пати повеќе мотивот за да продолжи нашата акција за решавање на проблемот со бездомните кучиња! .. стои во Фејсбук обраќањето на гостиварскиот градоначалник.
Comments are closed for this post.