Фановите на хрватската музичка ѕвезда, Северина, во многу скоро време ќе го имаат задоволството да го имаат во раце нејзиниот нов албум. Скорешното објавување на албумот го најави самата Северина на Инстаграм, каде што се пофали за добро завршената работа и објави делови од снимањето на нејзиниот хит „Као“.

Прекрасно ми е да го споделам со вас чувството дека го завршив снимањето на албумот. По тој повод, еве и едно селфи. Ви благодарам на сите што ме поддржувавте, со нетрпение очекувавте и прашувавте кога ќе биде, но песните самите си го бараат своето вистинско време, ане јас. А на песните не можете да се налутите, особено не на овие коишто сега ги снимив. На албумот, освен нумерите како што се „Као“, „Отрове“, „Мртов без мене“, Туторијал“, Однапред готово“ и „Магија“, ќе има уште седум нови песни. За десетина дена ќе го објавам датумот на излегување на албумот – напиша Северина.

 

View this post on Instagram

 

‘Kao’ ❤️, kao prva s albuma ‘Halo’ #soon #newalbum #halo #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on