Денес во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, на кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.
Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, соопштија од МНР.
Comments are closed for this post.