Денеска, со почеток во 16 часот во медија центарот на Владата ќе се одржи брифинг за медиуми за реформскиот „План 18“. Брифингот за медиуми ќе го предводи претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кои ќе дадат осврт на развојот на реформите според фазите на „План 18“.
Пола влада сосе Заев ќе ги брифира новинарите за „Планот 18“
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.