ВМРО-ДПМНЕ има силно развиен систем за препознавање и анализирање на грешки и отстранување на истите. За разлика од другите партии, ние пред се имаме идеја. Во одреден момент во ВМРО-ДПМНЕ материјалистите станаа побројни од идеалистите. За среќа, сега тоа го решивме. Да бидеме искрени, ВМРО-ДПМНЕ правеше грешки и тие грешки имаат име и презиме. Тие мора да си одговараат за грешките.
Ова го истакна во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина “ на Канал 5, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Запрашан за неговите политички амбиции во иднина, односно дали од потпретседател би сакал да биде наследник на Мицкоски, тој одговори дека партијата си има лидер, а тоа е Христијан Мицкоски.
ВМРО – ДПМНЕ си има претседател и сега и за понатака, моите амбиции во политиката завршуваат тука, истакна Николовски, потенцирајки дека во својот живот сака да се занимава и со друго, освен политика.
Comments are closed for this post.