Пратениците, наместо утре, в среда ќе расправаат за одземање на мандатот на Никола Груевски. Според распоредот за работа на Собранието, објавен на веб сајтот на законодавниот дом Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања ќе заседава на 7 ноември.
Првично седницата на беше закажана за 6 ноември, а сега на собранискиот сајт стои 7 ноември.
Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, одделение за организиран криминал и корупција, за пресуда со која пратеникот е осуден на казна затвор од две години.
Неговите колеги членови на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања треба да одлучат дали тој е достоен да ја врши пратеничката функција.
Ако Комисијата донесе одлука дека тој не е достоен да ја врши пратеничката функција треба да се води претрес на првата наредна седница на Собранието, а одлуката, според Деловникот се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.
Comments are closed for this post.